Неколку деца во Германија случајно биле вакцинирани против Ковид-19, со вакцина што не е се уште одобрена за нивната возрасна група.
Во Центарот за вакцинација во округот Олпе во покраината Северна Рајна-Вестфалија, на неколку деца им била инјектирана вакцината на „Модерна“. Досега, само вакцината на „Фајзер/Бионтех“ е одобрена за деца.
Родителите на засегнатите деца веднаш беа известени за случајот – соопштија локалните власти.
Кај децата не се забележани никакви проблеми во моментот на напуштање на центарот за вакцинација. По барање на родителите, случајот е пријавен во полиција. Од Центарот за вакцинација ја прифаќаат грешката како можност да се преиспитаат процедурите и вакцинирањето на децата.
Во ноември, Европската агенција за лекови (ЕМА) ја одобри вакцината на „Фајзер/Бионтех“ за деца на возраст од пет до 11 години. Тоа е првата вакцина против Ковид-19 одобрена во Европската Унија за таа возрасна група.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.