Данска ќе донира два милиона дози од вакцината „АстраЗенека“ против Ковид-19 на земјите од Западен Балкан: Албанија, Босна и Херцеговина,  Македонија и Косово, како и дополнителни милиони дози од истата вакцина за програмата КОВАКС.

Данскиот министер за надворешни работи, Јепе Кофод, изјави дека е задоволен што може да им помогне на блиските партнери со вакцини, како најефикасното оружје против пандемијата.

Данската Влада соопшти дека донацијата преку системот КОВАКС првенствено е наменета за земјите од Северна Африка и Бутан, пренесува Клик



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.