Во Данска е регистриран рекорден број на нови случаи на корона вирусот. Во изминатите 24 часа се регистрирани 16.164 нови случаи, а седум лица ја загубиле битката со вирусот.
Ден претходно, во земјата беше забележан претходниот најголем број на нови случаи од почетокот на пандемијата, со 14.844 заболени во еден ден.
Според официјалните податоци, од почетокот на пандемијата во Данска починале вкупно 3.217 луѓе како последица на Ковид-19.
Бројот на заболени одеднаш почна да скока на почетокот на декември, иако минатата недела бројот почна да се намалува. За жал, од пред два дена научниците бележат драматичен пораст на бројот на заразени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.