Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека веројатно се погрешни извештаите во медиумите дека лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун е сериозно болен.

Трамп одби да одговори дали имал контакти со тамошните официјални лица по однос на ова прашање.

Мислам дека извештајот беше неточен. Слушам дека користеле стари документи- рече Трамп во врска со извештајот на Си-ен-ен дека американските разузнавачи имаат информации според кои Ким е во животна опасност по оперативен зафат извршен над него.

Трамп повтори дека има добар однос со севернокорејскиот лидер, со кого се состана трипати во текот на 2018 и 2019 година како дел од преговорите за нуклеарната програма на земјата, пренесува агенцијата „Кјодо“.

На прашањето дали имал контакт со службени лица во Појонгјанг, тој одговори: „Тоа нема да го откријам“.

Се надевам дека е добро и мислам дека извештајот на Си-ен-ен беше лажен- заклучи Трамп.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.