Бројот на заразени со коронавирус денес според официјалните податоци на руските власти надмина дури 50 илјади.

Повеќе од 52 илјади лица се инфицирани со коронавирусот, повеќе од 450 лица починаа како последица на Ковид-19, а околу 10 отсто од смртните случаи се потврдени само во последните неколку дена. Половина од заразените живеат во рускиот главен град Москва и неговата околина, со што метрополата е главното жариште на коронавирусот во оваа земја.

Сѐ уште не е дојден врвот на епидемијата“, изјави рускиот претседател Владимир Путин, пренесува новинската агенција „ТАСС“.

Според руските експерти, се предвидува дека во земјата врвот на епидемијата би можел да биде идниот месец. Во повеќето од руските региони на сила е карантин, а мерките ќе бидат продолжени до крајот на мај.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.