Тибетскиот световен и духовен водач Далај Лама беше отпуштен денес од болницата во главниот град на Индија, Њу Делхи, во која беше примен пред два дена поради пневмонија, соопшти неговиот портпарол.
Осумдесет и тригодишниот добитник на Нобеловата награда за мир, кој на лекување пристигна од своето седиште во северна Индија, закрепна од инфекција.
Далај Лама избега во Индија на почетокот од 1959 година по неуспешното востание против кинеските власти и оттогаш живее во прогонство во индискиот град Дарамсала.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.