Францускиот министер за здравство Оливие Веран напиша на Твитер дека земањето антиинфламаторни лекови (ибупрофен, кортизон, …) може да биде фактор за влошување на инфекцијата со коронавирус, јави дописникот на МИА.

Ако имате треска, земете парацетамол. Ако веќе сте на антиинфламаторни лекови или ако се сомневате, прашајте го за совет вашиот лекар, предупреди Веран.

Премиерот на Франција, Едуар Филип вчера најави забрана за собири на повеќе од 100 луѓе. Неколку музеи и забавни паркови се затворени, меѓу кои и Ајфеловата кула.

Во Франција од коронавирусот досега починаа 79 луѓе, најголем број се возрасни лица од над 80 години, а 3.661 се заразени, од кои 154 лица се уште се наоѓаат во сериозна состојба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.