Поранешниот шеф на ЦИА Дејвид Петреус ги нагласи заслугите на претседателот на Русија Владимир Путин за постоењето на НАТО.

Генералот изјави дека благодарение на него Алијансата добила нова смисла за нејзиното постоење, а САД останува и понатаму столб за многу држави.

Путин е најголемиот подарок за НАТО од времето на Студената војна, рекол Петреус за време на конференцијата во Индија.

Поранешниот шеф на ЦИА изјави дека САД за НАТО прави многу повеќе за разлика од другите членови од воениот-политички блок.

Тој исто така изјави дека Вашингтон се занимава не само со префрлување на американските сили и воени техники, туку и со развој на НАТО. Како на пример тој ги наведе новите структури кои управуваа со Алијансата минатата година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.