Цената на „црното злато“ полека почнува да се опоравува на светските берзи. Според последните податоци, цената на јунските фјучерси на северноморската нафта од типот „Брент“ пораснаа за 11 отсто па нафтата достигна цена од 22,59 долари за барел.
Истовремено јунските фјучерси на нафтата од типот „ВТИ“ пораснаа за 29,03 отсто, па цената се искачи на 17,78 долари по барел.
Според проценките на Светска банка оваа година просечната цена на нафтата ќе изнесува 35 долари за барел, иако според прогнозите од октомври минатата година се предвидуваше просечна цена од 58 долари.
Само за потсетување, во понеделникот мајските фјучерси на нафтата од типот „ВТИ“ за прв пат во историјата паднаа за 300 отсто и достигнаа негативна вредност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.