Повеќе од 125 милиони случаи на коронавирус се пријавени ширум светот од почетокот на пандемијата , од кои скоро 22 милиони се моментално активни, покажуваат најновите податоци на веб-страницата на „Worldometers“.
Досега, според тие бројки, 125.108.807 луѓе биле заразени со коронавирус ширум светот, 2.750.349 починале, а 101.032.556 се опоравиле од инфекцијата со Ковид.
Во моментов има 21.325.902 активни случаи ширум светот, а 91.585 пациенти се во сериозна или критична состојба.
Соединетите држави продолжуваат да водат по бројот на болни и мртви со 30.649.098 заразени и 557.053 смртни случаи.
На второ место е Бразил со повеќе од 12 милиони заразени, а на трето е Индија со над 11 милиони пациенти.
Другите земји имаат помалку од пет милиони заразени.
Според бројот на смртни случаи, Бразил е на второто место со 298.843 смртни случаи, Мексико е на трето место со 199.048, следени се од Индија со 160.687 смртни случаи.
Во Велика Британија се регистрирани 126.284 смртни случаи, а во Италија 106.339 смртни случаи.
Другите земји имаат помалку од 100.000 смртни случаи од коронавирус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.