Италија денеска забележа нов, црн рекорд откако во последните 24 часа починале дури 793 луѓе, што е убедливо најголема бројка мртви во еден ден. Вчера во Италија починаа 627 лица.

Според италијанските медиуми само во Ломбардија денеска починале рекордни 546 луѓе. Со тоа севкупно во оваа економски најразвиена покраина во Италија, досега од коронавирусот починале 3.095 лица. Ова е највисокиот скок на жртвите во еден ден во Ломбардија во еден ден од избувнувањето на заразата.

Бројката на починати во Италија од КОВИД-19 се приближува кон пет илјади (4.825 луѓе).

Во Италија има и 6.557 новозаразени, а вкупната бројка досега е 53.578.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.