Црна Гора на самитот на ЦЕИ во Рим, на кој се поканети 16 претседатели на влади, ќе го преземе од Италија ротирачкото претседавање со Иницијативата, најстар и најголем механизам на територијата на Централна и Источна Европа, во кој членуваат 17 држави, соопшти црногорската Влада.
Со преземање на едногодишното претседавање со ЦЕИ, кое почнува на 1 јануари, Црна Гора ќе ја потврди поддршката на активностите на ЦЕИ за создавање одржлив и просперитетен регион, истовремено промовирајќи кредибилна европска перспектива на земјите кандидатки за членство во ЕУ.
Учеството на високо ниво ќе претставува дополнителен придонес за афирмација на Црна Гора на регионалната и европската мапа, а пред се ќе има позитивно влијание врз продлабочување на односите со таа мултилатерална регионална организација, посебно од аспект на поголем интерес на институциите и стопанските субјекти во Црна Гора за проекти кои се финансираат од фондовите на ЦЕИ – се наведува во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.