Полска регистрира 21.049 нови случаи на коронавирус за еден ден, што е најголемо дневно зголемување на бројот на новозаразени лица од 20 ноември, соопшти Министерството за здравство во Варшава.

Полското Министерство за здравство соопшти дека во последните 24 часа биле пријавени уште 343 смртни случаи од Ковид-19.

Од почетокот на пандемијата, во Полска се регистрирани вкупно 1.889.360 заразени со коронавирус и 47.068 починаа од болеста.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.