Огромен пожар избил денеска во Лондон, а на снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како густ црн облак чад се крева во воздухот над една метро станица и во близина на облакодер, јавуваат британските медиуми.

Засега не е познато дали има повредени во пожарот.

На терен моментално има десет возила со 70 пожарникари, додава “Mirror”.

Граѓаните се предупредуваат да ги избегнуваат подрачјата околу метро станицата, напишала пожарната служба на Твитер.

Причината за пожарот засега не е позната.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.