Човештвото треба да ја прекине својата војна со природата, порача генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во пресрет на почетокот на конференцијата на ОН за клима во Мадрид. Шефот на ОН го прочита разорното влијание на климатските промени.

Со децении човечкиот вид е во војна против планетата и планетата возвраќа удар по удар. Треба да престане нашата војна со природата и науката ни говори дека тоа можеме да го сториме“ рече Гутереш.

Тој ги осуди недоволните обврски кои земјите во светот ги презедоа за да ги намалат емисиите на гасови со ефект на стаклена градина и рече дека точката по која нема враќање назад не е веќе далеку зад хоризонтот.

Гутереш вели дека светот има научно знаење и технички способности да го одржи глобалното затоплување на 1,5 степени, колку што е одредено на Парискиот договор за клима, но дека недостига политичка волја.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.