Во јужниот дел на Чиле почнаа насилни протести по објавувањето видеоснимки на кои се гледа како полицаец застрелува уличен забавувач.

Демонстрантите ги запалија државните згради во Пангуипули, а во главниот град Сантијаго, гневните граѓани излегоа на улиците, јави Би-Би-Си.
Министерот за внатрешни работи Родриго Делгадо го осуди подметнување пожари и рече дека по завршувањето на истрагата за пукањето, виновникот ќе биде изведен пред лицето на правдата.

Убиството на уличниот забавувач се случи во петокот, а протестите почнаа вчера.
Погледнете го моментот на пукање:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.