Чилеанскиот претседател Себастијан Пинера го потпишал Законот за легализирање на истополовите бракови, откако документот претходно беше одобрен од Конгресот со историско гласање.

Законот ги изедначува сите љубовни врски меѓу две лица – изјави Пињера во владината палата „Ла Монеда“ на церемонијата на која присуствуваа ЛГБТ активисти, претставници на граѓанското општество, пратеници и официјални лица.

Чилеанскиот Конгрес во вторникот го одобри законот што претставува пресвртница за оваа конзервативна јужноамериканска држава, која овој месец се подготвува за неизвесни претседателски избори.

Сите парови кои сакаат да ја живеат љубовта, да стапат во брак и да основаат семејство ќе може да го сторат тоа достоинствено и со правната заштита што им е потребна и ја заслужуваат, без разлика на сексуалната ориентација – порача Пињера.

Чиле долго време ја оддржуваше својата конзервативна репутација, дури и меѓу римокатоличките соседи. Меѓутоа, повеќето Чилеанци денес ги поддржуваат истополовите бракови и во изминатите неколку години покажуваа знаци на либерализација за различни социолошки и културни прашања.

Граѓанското партнерство во Чиле е легално од 2015 година, а со него на истополовите двојки им се дозволуваа во поголемиот дел, но не и сите, придобивки што ги уживаат брачните двојки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.