Британската полиција која ја истражува смртта на 39 луѓе кои неделава беа пронајдени во камионот на смртта во Есекс, потврдува дека досега успсила четири лица поврзани со злосторството.

Полицијата уапсила маж и жена на 38 години под сомнение дека учествувале во заговорот за криумчарење и дека се вплеткани во 39 убиства.

Се работи за брачниот пар Џоана и Томас Махер, поранешни сопственици на камионот, кои, пак, тврдат дека го продале пред повеќе од една година.

Уапсено е уште едно лице на аеродромот Станстед. Се работи за 48-годишен Ирец. И возачот на камионот е во притвор и е сомничен за убиствата.

Во меѓувреме утврдено е дека некои од жртвите биле од Виетнам. Иако се мислеше дека сите загинати се Кинези, организацијата на заедницата на Виетнамци во Британија објавила дури 20 фотографии од лица кои исчезнале во периодот кога е пронајден камионот.

Семејство од Виетнам за Би-Би-Си открива порака од ќерка си: „Извинете мама и тато, мојот пат во далеката земја не успеа. Се гушам, не можам да дишам, умирам“. Пам Тра Му ѝ ја испратила пораката на мајка си во вторникот вечерта, а потоа веќе не се слушнале. Семејството признало дека платило 30.000 фунти за 26-годишната Тра Му да биде прокриумчарена во Вечика Британија.

Таткото вели во друга изјава, за Ци-Ен-Ен дека трговцитесо луѓе го убедувале дека неговата ќерка е на сигурна рута.

Велеа дека патот ќе биде сигурен, ќе оди со автомобил, авион… Да знаеш што ќе се случи, никогаш не би ја пуштил, вели тој.

Други две семејства се роднини на 26-годишник и 19-годишничка за кои се стравува дека биле во камионот на смртта. Братот на 19-годишната девојка рекол дека му се јавила во вторникот и му рекла дека влегува во приколка. Потоа веќе не се слушнале, но криумчарот им ги вратил парите. Истото го потврдило и семејството на 26-годишниот несреќник.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.