Најмалку пет лица, меѓу кои и четворица лекари, загинале во експлозија на бомба, поставена покрај пат во Кабул.
Не е познато дали лекарите, вработени во затворот Пула Чарки во Кабул, биле цел на нападот.
Од авганистанската полиција соопштија дека идентитетот на петтата жртва е непознат, како и дека во нападот се повредени уште две лица.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.
Бомбашките напади во Авганистан стануваат се почести додека продолжуваат преговорите меѓу авганистанската Влада и Талибанците за прекин на огнот по 19 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.