Четиригодишно девојче од Италија е заразено со коронавирус, пренесоа денеска италијанските медиуми.

Таа доаѓа од местото Кастиљоне де Ада во Ломбардија, едно од десетте места кои се наоѓаат во црвената зона.

Девојчето е смесено во болница, има благи симптоми на грип, и не е во сериозна здравствена состојба.

Претпоставка е дека вирусот го добила во болницата во Кодоња, кога таму бил хиспитрализиран првиот познат случај во Италија.

Црвената зона во северна Италија ја чува полицијата 24 часа дневно, за да се спречат неконтролираните излегувања и влегувања од подрачјето на епидемијата.

Според достапните податоци, село со околу 4.000 жители е најмногу погодено од Ковид-19, бидејќи во моментов во него има 40 зарзени лица



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.