Семејна трагедија во која во главна улога е четиригодишно девојче ја потресе Германија. Повеќе од три дена девојчето се грижело за помладите сестрички откако починал татко им во домот, објави во вторникот полицијата во градот Бургхаусен во јужна Германија.
Полицијата соопштила дека 35-годишниот татко починал од природна смрт на 14 септември во раните утрински часови. Ќерките од четири, три и две години цело врее мислеле дека спие.
Според весникот Пасауер ну пресе, нивната тетка го открила случајот на 17 септември. Во овие денови најстарото девојче се грижело за помалите сестрички и ги хранело.
Девојчињата се згрижени кај тетката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.