Четири лица се држат во карантин на брод во пристаништето Зебриж во Белгија.
Сомнителните лица се во изолација, а вкупниот број на патници на бродот изнесува три илјади, на кои за сега не им е дозволено да се симнат.
Властите соопштија дека еден од патниците бил во контакт со германски државјанин заразен од Ковид-19.
Како превентивна мерка, ова лице и лицата кои го придружуваат се ставени во карантин, но ниеден од нив засега не покажуваат симптоми, така што не треба да се паничи во овој момент – изјавија претставници на пристаништето.
Белгиското Министерство за здравство е во контакт со управата на пристаништето за натамошните мерки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.