Четири деца загинаа, а уште пет се тешко повредени при пад од десетина метри височина, откако силен ветер го однесе детскиот замок на надувување во кој си играа на училишен настан во Австралија, пренесува Си-Ен-Ен. Станува збор за деца од основното училиште „Хилкрест“ во Девонпорт, на северниот брег на Тасманија, кои го прославуваа крајот на учебната година.
Девет ученици од 5-то и 6-то одделение паднаа од височина од околу 10 метри, откако силен локален ветер разнесе скокачки замок и неколку „зорб“ топки на надувување околу 10 часот утрово, извести тасманската полиција.
Загинаа две момчиња и две девојчиња, додека останатите пет деца се со серизони повреди пренесени во болница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.