Светот се соочува со закана од нова светска војна, се наведува во извештајот на чешкото воено разузнавање за 2019 година, објавен на неговата веб-страница.

Според аналитичарите, глобалниот конфликт моментно „се наоѓа во правата фаза“.

– Се формира перспективата на оние кои можат и сакаат да земат активно учество во конфликтот и постепено се определуваат технолошки инструменти, со кои тој би можел да биде управуван, се наведува во документот.

Авторите на извештајот го посочуваат ривалитетот меѓу САД, Русија и Кина како евентуална причина за глобалниот конфликт.

Во документот, исто така, се забележува и намалување на важноста на меѓународното право. Отсуствува мирниот дијалог, како начин за решавање на конфликтите кои се појавуваат, а се доведува во прашање и безбедноста на светскиот поредок. Покрај тоа, зголемувањето на тензиите придонесува за манипулација со јавната свест, тврдат чешките аналитичари. г



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.