Премиерот на Чешка, Андреј Бабиш ги предупредил граѓаните да не се надеваат дека навистина ќе можат да патуваат во странство, иако владата ја укина забраната за напуштање на земјата, што беше една од мерките за олеснување на ограничувањата.
Бабиш изјавил дека патувањето би било можно во теорија, но дека во пракса би изгледало сосема поинаку, бидејќи меѓународниот сообраќај е ограничен и секоја земја има свои мерки на граничните премини.
Моравме, според сегашните закони, да ја укинеме забраната за патување во странство, но ова е само во теорија. Практично нема да стигнете никаде. Тие нема да ве пуштат да одите, на пример во Хрватска, ќе мора да бидете тестирани за коронавирус во Австрија …“, рекол Бабиш за емисијата на „Радио-журнал“.
Според него, мерката, одобрена од Кабинетот, е наменета пред се за службениte патувања, така што компаниите можат да испраќаат вработени во странство, а претставници на странски компании da доаѓаат во Чешка, пренесува „Новинки“.
Бабиш исто така рече дека не може да замисли дека некој ќе плати повеќе од 100 евра за тестирање, со цел да оди на шопинг во Германија, додавајќи дека не сака да ги спречи граѓаните да патуваат, но ги советувал да останат во земјата и да трошат пари дома.
Министерството за здравство на Чешка го опушти режимот на границите, но сите оние кои сакаат да влезат во земјата мора да имаат негативен тест за коронавирус, не постар од четири дена, наведува „Асошиејтед Прес“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.