Чешкиот премиер Андреј Бабиш ја повика Владата во Рим да им забрани на Италијанците да патуваат во Европа како начин да се спречи понатамошното ширење на епидемијата на Ковид-19.
Според Бабиш, Италијанците не треба да патуваат во Европа, затоа што повеќето случаи на заразени во Германија, Франција и Шпанија се поврзани со Италија.
Самите ние не можеме да објавиме таква мерка во рамките на Шенгенскиот простор, истакна тој и ги повика Чесите кои патуваат во Италија по работа или приватно, брзо да се вратат дома.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.