Чешката влада во понеделник ќе предложи Република Македонија да го потпише пристапниот протокол за НАТО, објави чешкиот министер за надворешни работи Томаш Петричек.

Откако грчкиот парламент го ратификуваше Преспанскиот договор, Петричек напиша:

-Одлична вест од Атина! По македонскиот парламент, денеска и грчкиот го ратификуваше историскиот Преспански договор за решавање на споровите и за стратешко партнерство помеѓу двете земји. Ова на Македонија ќе ѝ овозможи членство во НАТО. Чешката Влада во понеделник ќе предложи потпишување на пристапниот протокол.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.