Чешка најави дека 16 март на полноќ ќе ги затвори своите граници и стапува на сила целосна забрана за патување, објави премиерот Андреј Бабиш. Претходно, оваа земја прогласи 30-дневна вонредна состојба, при што се забранети сит собири со повеќе од 30 луѓе.

Согласно новата ригорозна мерка против ширењето на коронавирусот, чешки државјани и странци кои имаат дозвола за престој од 90 дена нема да смеат да излезат од земјата. Во наредните 30 дена на странците ќе им биде забранет влез во земјата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.