Чешкиот министер за одбрана Лубомир Метнар денеска изјави дека Владата има намера до крајот на годината да потпише договор со американската администрација за купување 12 воени хеликоптери.
Договорот е вреден 631 милиони американски долари – рече Метнар, дополнувајќи дека тој опфаќа опрема, муниција, резервни делови, како и обука.
Хеликоптерите треба да бидат доставени на Чешка во 2023 година, по што ќе бидат заменети застарените Ми-24, од советско производство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.