Премиерот на Чешка, Андреј Бабиш изјави дека Чешка сака да започне со регистрација на лица над 16 години за вакцинација против ковид-19, најдоцна до 1 јуни.
Во моментов, чешките граѓани коишто се над 55 години можат да се вакцинираат, како и помладите хронични пациенти, додека регистрациите за оние на возраст од 50 до 54 години започнуваат во среда.
Чешка, која е земја со 10,7 милиони жители, неодамна го надмина прагот од еден милион целосно вакцинирани лица против ковид-19, а 2,17 милиони ја примија првата доза.
Во Чешка има околу 690 000 лица во возрасна група помеѓу 50 и 54 години. Доколку вакцинацијата се одвива според планот, возрасната граница може да се намали за пет години секоја недела, објави агенцијата ЧТК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.