Советникот за национална безбадност на американскиот претседател, Џејк Саливен, во Белата куќа се сретнал со францускиот амбасадор во САД, Филип Етјен, кој се врати во Вашингтон по острите несогласувања меѓу двете земји.

Саливен и Етјен разговарале за стратешки прашања од заемна корист и за организациски аспекти околу претстојната средба меѓу претседателот Џо Бајден и неговиот француски колега Емануал Макрон планирана за крајот октомври.

Средбата е во согласност со споделените обврски на претседателот Бајден и претседателот Макрон во нивниот телефонски разговор на 22 септември, да се почне процесот на продлабочени консултации за низа стратешки работи, за создавање услови за градење доверба и да се предложат конкретни мерки кон заедничките цели – се вели во соопштението од Белата куќа.

Франција неодамна го отповика својот амбасадор од Вашингтон поради договорот за купување подморници меѓу САД и Австралија, на што претходеше раскинување на сличен договор меѓу Франција и Австралија. Таквиот чин предизвика сериозно негодување и критики од страна на францускиот врв.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.