Во последните 24 часа во Шведска починале 130 лица, што е благ пад во однос на вчерашните 170 жртви, што е црн рекорд во оваа земја.

Во Шведска забележани се 1.333 смртни случаи, а заразени се 12.540 лица од Ковид 19. Излечени се 381 лица.

Близу сме до нивото на кое ќе почнеме да го гледаме ефектот од колективниот имунитет во регионот на Стокхолм и во другите краеви на Шведска во кои заразата е најраспространета – вели главниот епидемилог Андерс Тегнели.

Додал дека состојбата е загрижувачка во некои региони и дека вакцината е неопходна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.