Tурскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, истакна дека Турција смета оти е реално да се постигне решение на ситуацијата во Украина преку преговори, доколку и се даде шанса на дипломатијата.
Решение со преговори е можно доколку и се даде шанса на дипломатијата. Се разбира, тоа мора да биде праведен мир за Украина“, изјави Чавушоглу на Министерскиот совет на ОБСЕ.
Тој додаде дека Турција „ќе продолжи активно да ја поддржува ОБСЕ, бидејќи не постои друга платформа која би била инклузивна“.
Во полскиот град Лоѓ почна дводневниот 29-ти состанок на Министерскиот совет на ОБСЕ.
Полското Министерство за надворешни работи не дозволи влез во земјата на руската делегација предводена од министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.
Руското Министерство за надворешни работи оваа одлука ја оцени како „без преседан“ и „провокативна“ и соопшти дека дејствијата на Полска се неспоиви со постулатите на организацијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.