На њујоршки Тајмс сквер поставен е „Трамповиот часовник на смртта“, кој го прикажува бројот на смртните случаи од коронавирусот во САД, за кој авторите го обвинуваат „недејствувањето на американскиот претседател Доналд Трамп“.
Трамповиот часовник на смртта, дело на режисерот Јуџин Јарецки, е поставен на покрив на зграда на плоштадот Тајмс сквер.
На екранот на истоимениот сајт кој се емитува и на Тајмс сквер, пишува дека Трамп одбил да дејствува околу заканата од коронавирусот до 16 март, а дека епидемиолозите кажале дека би се избегнала смртта на 60 отсто од луѓето ако превентивните мерки биле воведени само една недела порано, пренесува Би-би-си.
Над 80.000 луѓе умреа досега од компликации поврзани со вирусот ковид-19.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.