Влијателната сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, Ким Јо-џонг, порача дека Cеверна Кореја ќе размисли за учество на Самит на двете Кореи, доколку тој се одржи со взаемна почит.
Верувам дека само во услови на правичност и взаемно почитување може да има непречена комуникација меѓу Северот и Југот и дека прашањата, како што се средбите на врвот меѓу Сеул и Пјонгјанг, тогаш би можеле да се решат – истакна Ким во соопштение објавено од корејската агенција КЦНА.
Нејзината изјава доаѓа само еден ден откако Cеверна Кореја ги повика САД и Јужна Кореја да се откажат од непријателската политика и двојните стандарди кон Пјонгјанг, пред формално да почнат разговорите за завршување на Корејската војна од 1950-53 година.
Тој конфликт заврши со примирје, но не и со мировен договор, а јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин во вторникот во обраќањето пред Генералното собрание на ОН во Њујорк го повтори својот повик за формален прекин на војната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.