Цените на бурките во Кабул се зголемиле десет пати, поради тоа што жените брзаат да се подготват додека талибанците целосно го преземаат градот.
Во изјава за Си-Ен-Ен, една жена, која не е именувана од безбедносни причини, вели дека таа, нејзината сестра и мајка делат една или две бурки и дека во случај на влошување на ситуацијата ќе мора да набават постелнина или нешто слично, за да можат од неа да направат поголем шал.
Друга жена, која исто така не е именувана, објаснува дека многу жени дури и не стигнале до продавниците во неделата, бидејќи сопствениците поради ситуацијата брзале да стигнат до своите домови.
Таа, додава дека поради неизвесноста, во неделата поминала неколку часа во банка, обидувајќи се да собере што е можно повеќе пари за да обезбеди опстанок на нејзиното семејство во наредните денови.
Беше толку неочекувано, никој не очекуваше дека ова ќе се случи толку брзо. Дури и луѓето би рекле „Кабул може да се брани околу една година“, но борбениот морал е изгубен. Војската само го предава на талибанците – вели жената
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.