Цената на гасот во Европа, на отворањето на берзите денеска, се намали за 4,5 отсто поради обновеното транспортирање на гас во Германија преку гасоводот Јамал-Европа и поради плановите за зголемување на транзитот преку Украина до Словачка, покажуваат податоците на берзата ИЦЕ.
Цената на декемвриските фјучерси за центарот ТТФ во Холандија падна под 900 долари за 1.000 кубни метри – на 899,6 долари или 75 евра за Мегават часови (врз основа на тековниот курс ЕУР/УСД, цените на ИЦЕ се претставени во евра по Мегават часови).
Синоќа, директните испораки на гас за Германија беа обновени преку гасоводот Јамал-Европа, а до утринава обемот се зголеми за повеќе од двојно.
Дополнително, барањата за транзитна испорака на гас преку Украина до Словачка денеска се зголемија на речиси 83 милиони кубни метри дневно од 75,22 милиони кубни метри испумпани преку станицата за дистрибуција на гас на границите на двете земји во претходните години, покажуваат податоците на словачкиот оператор за пренос на гас Еустрим.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.