Полицијата трага по двајца браќа за кои постои сомнение дека извршиле убиство на 39 лица кои што беа пронајдени во приколка од камион во Есекс минатата седмица.

40-годишниот Ронан Хјуз и 34-годишниот Кристофер Хјуз, двајцата од Армаг од Северна Ирска ги бара полицијата поради сомнение за криумчарење на луѓе. Постариот брат е познат по името Рован, а и двајцата се поврзани со Ирска.

За истрагата сега е клучно да се пронајдат и испитаат браќата Хјуз. Веруваме дека се наоѓаат во Северна Ирска, но имаат врски во Ирска. Доколку знаете каде се или имате било каква информација за нив, јавете се во полиција“, изјави Стјуарт Хупер, главниот детектив за случајот.

Во понеделникот возачот Морис Мо Робинсон од Северна Ирска се појави пред судот поради обвинението за убиство на 39 лица, криумчарење на луѓе, помош при илегална имиграција и перење на пари. Нов датум за сослушување е 25-ти ноември.

Досега се уапсени уште три лица, 38-годишни маж и жена од Ворингтон и 46-годишен маж од Северна Ирска. Сите се пуштени на слобода со платена кауција. Полицијата иста така потврди дека е уапсен уште еден маж од Даблин кој иако не бил поврзан со конкретниот случај, сепак бил „лице од голем интерес“ во нивната истрага.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.