Бразилската делегација на Генералното собрание на ОН одлучи да оди во самоизолација откако беше откриено дека еден од нејзините членови, односно министерот за здравство, е позитивен на корона вирусот.
Оваа земја потврди дека целата делегација одлучила да биде во самоизолација 14 дена – изјави портпаролот на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, за Тасс на прашањето дали се точни информациите дека бразилската делегација е во карантин.
Претходно, два извори од руската агенција објавија дека бразилската делегација е во самоизолација, бидејќи бразилскиот министер за здравство, Марсело Квирога, е позитивен на корона вирусот.
Според еден од изворите, бразилската делегација се вратила дома и само Квирога останал во Њујорк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.