Речиси 200 патници на летот од Москва до Џенгџоу прикажале комплетно идентични негативни тестови за коронавирус поради што авионот не полетал од московскиот аеродром.
Фалсификатот го забележале во кинеската амбасада. Кинезите се особено внимателни и неодамна побараа сите патници што влегуваат во земјата да прикажат и негативен серолошки тест, заради растот на увезени инфекции во земјата.
Не постои начин како да се гарантира точноста на овие тестови и како резултат на тоа патниците не можеа да добијат ’здравствен број’ за качување на летот, велат од кинеската амбасада во Москва.
Кинезите побарале објаснување за тестовите, меѓутоа ниту авиокомпанијата ниту организацијата што го спровела тестирањето „не можеле да дадат разумно објаснување како двестате патници имаат идентични резултати на тестовите“. Од амбасадата побарале авиокомпанијата повторно да ги тестира патниците и да им обезбеди сместување до следниот лет.
Уште летово кинеската амбасада во Москва предупреди дека дел од нејзините граѓани прават фалсификат негативни коронавирус тестови за да можат да заминат дома од Русија.
Русија во февруари забрани влез за кинески државјани за да го спречи ширењето на ковид-19 (па потоа попушти). Во ноември Кина ја воведе истата мерка, забранувајќи го влезот на Руси со валидни визи, за да го спречи ширењето на ковид-19 на своја територија.
Русија до сега има потврдени 2,2 милиони случаи на ковид-19. Кина до денес има вкупно 86.500 случаи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.