Германските партии ЦДУ и „Зелените“, во Берлин два и пол часа разговарале за можноста за формирање коалициска влада.

На изборите бевме втори, но имаме ситуација во која сега треба да се формира нова влада, а постојат повеќе можности, како и коалицијата „Јамајка“. Имавме добар разговор и успеавме да продлабочиме многу теми од 2017 година – објасни по разговорите лидерот на ЦДУ, Армин Лашет.

Тој изрази уверување дека коалицијата „Јамајка“ ќе има широка поддршка од германското општество, бидејќи се верува дека таквиот сојуз може да постигне напредок во земјата.

Сепак, тој додаде дека останува на Зелените да одлучат и дека ЦДУ е подготвена да соработува.

Лидерот на „Зелените“, Роберт Хабек најави дека партијата, по билатералните разговори со сите партии, сега интерно ќе ги разгледа натамошните активности.

На парламентарните избори во Германија, одржани на 26 септември, СПД освои тесна победа, додека ЦДУ беше втора, но ФДП и „Зелените“, како трета и четврта партија, се одлучувачки за формирање на идната влада.

Можна е „Јамајка“ коалиција која би ја сочинувале ЦДУ, „Зелените“ и ФДП, како и коалиција „Семафор“, која може да ја формираат СПД, „Зелените“ и ФДП.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.