Поранешниот американски претседател Џорџ В. Буш го критикуваше повлекувањето на САД и НАТО од Авганистан, нагласувајќи дека цивилите се оставени да бидат „немилосрдно убиени” од талибанците.
Авганистанските жени и девојчиња неописливо ќе страдаат. Ова е грешка … Тие едноставно ќе бидат напуштени да бидат немилосрдно убиени од овие многу брутални луѓе и тоа ми го крши срцето, изјави Буш за германската телевизија Дојче веле.
Тој додаде дека верува оти германската канцеларка Ангела Меркел „се чувствува исто”.
Силите на САД и НАТО почнаа да се повлекуваат од Авганистан на почетокот на мај и тие мора да бидат целосно повлечени до 11 септември, околу 20 години по распоредувањето во таа држава.
Повеќето од 2.500 американски и 7.500 војници на НАТО веќе заминаа од Авганистан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.