Бури и обилни врнежи од дожд забележани се утрово на југот на Франција и предизвикаа поплави во некои градови во тој регион.
Француската метеоролошка служба предупреди дека бурата може да потрае до утре, пренесува Ројтерс.
Невремето почна во вторникот вечерта, а поради јачината портокалов аларм на предупредување ќе биде на сила до четврток, пренесе порталот „Локал Франс“.
Издадено е и предупредување за патувања поради можноста реките да се излеат од своите корита, а на граѓаните им е советувано без потреба да не излегуваат од дома.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.