Во бурата што ги зафати Шпанија и Португалија загинаа пет лица, оштетени се голем број згради, а повеќе патишта се затворени. Елса се интензивираше вчера попладне и донесе обилни дождови.

Еден маж вчера загина во близина на главниот град на Португалија, Лисабон откако дрво падна врз неговиот камион, а друг загина откако му се урнала куќата во северниот дел на земјата.

Во северниот дел на Шпанија загина едно лице при лизгање на земјиштето во Астурија, а друг настрада во Галиција кога врз него се урнал ѕид од камења. Додека третата жртва исчезна во поплавите што ја погодија Кастиља.

Според шпанските метеоролози Елза најверојатно ќе продолжи кон централна и јужна Шпанија каде ќе се спои со бурата Фабијан и се претпоставува дека ветровите ќе достигнат брзина од 140 километри на час.

Во Португалија метеоролозите предупредија на влошување на времето во текот на ноќта.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.