Бундестагот пред малку даде зелено светло за почеток на преговорите на Македонија за влез во ЕУ.

Со 476 гласа за и 122 против и 16 воздржани пратеници Бундестагот го одобри поетокот на преговорите на Македонија со ЕУ. Пратениците во исто време гласаа и за почеток на преговорите на Албанија.

На седницата во Бундестагот присуствуваше и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

Десетината говорници се согласија дека Македонија и Албанија направиле напредок и дека на регионот Западен Балкан треба да му се овозможи приближување кон ЕУ.

Според пратеникот од владејачката ЦДУ /ЦСУ Петер Бејер малдите луѓе од Македонија и Албанија треба да живеат во средина каде ќе бидат применувани европските стандарди и ќе имаат позитивна перцепција за ЕУ.

Пратеникот Кристијан Петри од коалициската СПД рече дека овие земји бараат помош, дека се подготвени за реформи и дека треба да им се овозможи да го почнат процесот, што беше поздравено со бурен аплауз.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.