Изборот на Кристалина Георгиева за извршен директор на ММФ е огромно достигнување за Бугарија, напиша на Фејсбук премиерот на Бугарија Бојко Борисов.
Борисов ја поздрави и топло и изрази уверување дека „ќе се справи одлично во управувањето со една од најголемите институции во светот“. Нешто порано стана јасно дека Бугарката е одобрена да ја предводи финансиската институција. Таа беше избрана од бордот на директори на ММФ по одличниот настап за време на интервјуто, пренесе Ројтерс.
Извор од Ројтерс изјавил од одборот на ММФ дека Георгиева го убедила одборот „дека е лидер кој му е потребен на институцијата и ќе биде силен застапник на мултилатералниот систем“. Гласањето по сослушувањето е церемонијално во присуство на неформално одобрување од страна на високото раководство на фондот, забележува Ројтерс.
Георгиева беше единствениот кандидат за шеф на финансиската институција. Таа ја заменува Кристин Лагард, која беше првата жена што го предводеше ММФ во 2011 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.