Брзите антигенски тестови по враќањето на патниците од патување можат да бидат подеднакво ефикасни во запирање на увезените случаи на Ковид-19 како и ставањето на патниците во карантин. Вакви се податоците од новата студија за која туристичката индустрија се надева дека ќе ги убеди земјите да ги отворат своите граници во текот на летото.
Истражувањето, направено по барање на сопственикот на „Бритиш ервејс“, „IAG“, „Вирџин Атлантик“ и други, покажало дека брзите тестови за антигени по враќањето во земјата се подеднакво ефикасни како и десетдневна самоизолација кога станува збор за намалување на бројот на увезени случаи на Ковид-19.
Минатата година, британските правила за десетдневен карантин по враќањето во земјата за патниците од повеќето земји ја уништија туристичката индустрија затоа што ги одвратија луѓето од патување.
По една година ограничувања и минимални приходи за авиокомпаниите, тие се надеваат дека ќе почнат патувањата, а кога тоа ќе се случи, тие сакаат на списокот на дестинации да има што помалку места за кои треба да се применат карантински мерки по враќањето.
Веруваме дека меѓународните патувања можат да продолжат безбедно преку постепено ублажување на потребите за тестирање и гранични ограничувања со проценка на ризик базирана на наука – вели извршниот директор на „Вирџин Атлантик“, Шаи Вајс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.