Американскиот актер Џаси Смолет брутално бил нападнат пред три недели во Чикаго, а мотивите на напаѓачите биле, наводно, неговата боја на кожа и сексуалното опеделување.

Меѓутоа, сега се испоставило дека е можно сам да го „нарачал“ нападот.

Актерот кој во 2015-та година во емисијата на Елен Деџенерес објавил дека е хомосексуалец, бил претепан, полиен со избелувач и околу вратот му било ставено јаже, а пуштен бил од болница откако му била укажана лекарска помош.

Американските медиуми пренесуваат дека напаѓачите го навредувале актерот и му велеле дека не смее да доаѓа на „MEGA“ територијата. „MEGA“ инаку бил слоган на Доналд Трамп за време на претседателската кампања, и значи „да ја направиме Америка повторно величенствена“.

FBI веднаш објавиле дека го исражуваат овој напад, бидејќи ги има сите елементи не само на злочин од омраза, туку и однапред испланиран напад, пренесува Дејли Меил.

Смолет живее во Чикаго додека ја снима популарната серија „Empire“ за Фокс.

Меѓутоа, истрагата покажала дека актерот, наводно го „нарачал“ нападот, од сè уште не познати причини. Американските таблоиди пишуваат дека би требало да биде отпуштен од екипата на серијата, и дека на овој бизарен начин би сакал да добие сожалување од продукцијата.

Уапсени биле двајца Нигеријци кои работеле на сетот, но потоа биле ослободени, бидејќи „во целост соработувале со полицијата“. Нивната адвокатка изјавила дека тие двајца имале „значајни информации за нападот“, а еден од нив 10-на минути пред нападот се слушнал со Смолет.

„Можеме да потврдиме дека информациите добиени од нив двајца го променија текот на истрагата. Поради тоа потребен е уште еден разговор со актерот кој бил нападнат“, потврдила полицијата од Чикаго во соопштението.

Адвокатите на Смолет кратко изјавиле дека сето тоа е лага.

точка.мк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.