Бројот на потврдени случаи на инфекција со коронавирус во светот надмина 119,22 милиони, што е зголемување за повеќе од 461 илјада дневно, соопшти Светската здравствена организација.

Според податоците објавени денеска од СЗО, бројот на смртни случаи е зголемен за повеќе од 8.400, надминувајќи 2,64 милиони починати пациенти.

Повеќе од 44 отсто од заразените, според податоците на СЗО, во изминатите 24 часа се потврдени во Северна и Јужна Америка (205.572), потоа следува Европа (176.241) и Југоисточна Азија (31.601).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.