Агенцијата за цивилна заштита на Хаити соопошти дека е потврдено оти по силниот земјотрес што ја погоди земјата се загинати најмалку 1.297.
Во извештајот за ситуацијата е ажуриран го бројот на повредени, што од најмалку 2.800 се искачил на повеќе од 5.700.
Земјотресот предизвика и огромна материјална штета, а Обединетите Нации најавија финансиска помош.
Одвојуваме осум милиони американски долари од Централниот фонд за итна помош за поддршка на хуманитарниот одговор на земјотресот што го погоди Хаити. Оваа сума ќе оди за жртвите од катастрофата за медицинска нега, чиста вода, привремени засолништа и санитарни услови – објави заменик генералниот секретар, задолжен за хуманитарни прашања, Мартин Грифитс.
Земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала го погоди регионот на Хаити во саботата наутро.
Епицентарот на земјотресот бил регистриран на 40 километри од Ле Квет, со население од околу 125.000 луѓе на длабочина од 10 километри.
Уништени се околу 13.000 згради, вклучително и медицински и верски институции. Владата воведе едномесечна вонредна состојба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.